Дома Трансфер зона Синот на Диего Симеоне ќе му биде соиграч на Елмас

Синот на Диего Симеоне ќе му биде соиграч на Елмас

Според најавите Наполи наскоро ќе добие фантастично засилување во нападот. Клубот од Неапол успеал да постигне договор со Верона за доведување на Џовани Симеоне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави детали и порача дека наскоро трансферот ќе биде и потврден. Симеоне во Наполи би играл како позајмен играч во сезоната 2022/2023 за 3.5 милиони евра.

На крајот од сезоната Наполи ќе има опција да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.

Пред Симеоне Наполи утрово го потврди трансферот на искусниот голман Салваторе Сиригу кој пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…