Tренерот на Интер Симоне Инзаги заработува околу 6.5 милиони евра на годишно ниво во Интер, а имал понуда од Саудиска Арабија која била неколку пати повисока.
Во прашање биле 20 милиони евра по сезона која сегашниот тренер на Интер ја одбил.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Понудата пристигнала од клубот на Кристијано Роналдо, Ал Наср. Инзаги не сакал да си замине од Интер и сметал дека има недовршена работа во Милано.
Инаку, покрај Роналдо во Ал Наср игра и Марсело Брозовиќ кој веќе соработуваше со Инзаги.
Сегашниот договор кој го има Италијанецот со „нероаѕурите“ важи до 2026 година, но неодамна се најавуваше дека може да дојде до продолжување.