Дома Фудбал Германија Симболот на Бундеслигата повеќе не е со нас: Келн објави тажни вести за навивачите

Симболот на Бундеслигата повеќе не е со нас: Келн објави тажни вести за навивачите

Бундеслигашот Келн објави тажни вести.

Успиен е Хенес VIII, јарецот кој беше симбол и му носеше среќа на клубот на натпреварите од 2008. до 2019. година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Хенес VIII беше голем миленик на навивачите на Келн, но и останатите љубители на фудбалот во Бундеслигата. Беше осми јарец, кој ги симболизираше боите и грбот на клубот, а во Келн веројатно ќе најдат друг.

Успиен е поради здравствени причини во 14. година од животот.

„Замина нашиот симбол. Со тебе ги делевме поразите, победите, подемите, падовите, среќата и тагата. Засекогаш ќе останеш дел од нас. Нашиот најверен навивач, нашиот симбол.“ – е едена од пораките на навивачите на Келн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Леверкузен заработи 165 милиони евра од Ливерпул, па си купи дефанзивец од 40 милиони

Баер Леверкузен продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, овојпат со ангажман…