Дома Трансфер зона Се чека само потврда: ПСЖ и Интер се договорија за Икарди

Се чека само потврда: ПСЖ и Интер се договорија за Икарди

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер после интензивни преговори постигнале договор за трансферот на Икарди и се чека само официјална потврда.

Како што е познато ПСЖ во договорот има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра, но не беше спремен да ја плати таа сума.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наместо да ја активираат откупната клаузула ПСЖ започна преговори со Интер и испратил понуда од 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

Интер ја прифати таа понуда, па се договараа последните детали околу исплатата на бонусите.

Медиумите на Апенините тврдат дека договорот е постигнат, а Икарди веќе има договор со „светците“ за 10 милиони евра по сезона, па се чека само официјална потврда.

Аргентиенот одлично се вклопи во тимот на ПСЖ и оваа сезона на 28 меча постигна 20 гола, со што ја покажа својата класа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…