Денес на прес-конференција во хотелот „Лимак“ беше промовиран Благоја Милевски, новиот селектор на сениорската репрезентација на Македонија.
На прес-конференција Милевски доби прашање и за Адис Јаховиќ. Новиот селектор потврди дека со Адис имале средба и на истата напаѓачот изразил желба да игра за Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
,,Остварив средба со Адис и не само со него со уште неколку потенцијални репрезентативци. Адис изрази желба да се врати и да помогне на репрезентацијата”, изјави Милевски.
Ова и во изјава за нашиот сајт, Јаховиќ го потврди неодамна.