Дома Македонски спорт Милевски бил на разговор со Јаховиќ во Турција!

Милевски бил на разговор со Јаховиќ во Турција!

Боби Милевски е новиот селектор на Македонија, а од тој момент во македонската спортска јавност започна да се шпекулира за можно враќање на Адис Јаховиќ во репрезентацијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И можност за такво нешто дефинитивно има! Ќе потенцираме дека има, но дека се уште ништо не се знае.

Денес го контактиравме Јаховиќ кој ни потврди дека имал средба со Милевски во Турција.

„Селекторот дојде во Турција, се сретнавме, разменивме мислења…Од моја страна желба има и сум спремен да играм за репрезентацијата, истото го кажав и на селекторот. Сега, дали ќе бидам на списокот во сетпември, не можам да гарантирам. Селекторот е тој што треба да одлучи. Како што кажав, спремен сум доколку сум потребен. Тоа е сега засега“, ни изјави Јаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …