Додека навивачите на Барселона очекуваат клубот да донесе уште некое засилување по Дани Олмо, челниците на клубот се обидуваат да се ослободат од фудбалерите кои се означени како „вишок“.
Барселона минатата недела успеа да го официјализира доаѓањето на Олмо за сума од 60 милиони евра. Сепак, навивачите се надеваат дека каталонскиот тим ќе донесе уште некое засилување, но за да го направат тоа потребно е да продадат некого за да направат простор во буџетот и да немаат проблеми со финансискиот фер-плеј.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јулијан Араухо е првиот што Барса одлучи да го продаде и тој е пред потпис за Бормут, а Каталонците од овој трансфер ќе инкасираат десет милиони евра.
Сепак, покрај Араухо има уште неколку играчи кои се отпишани. Првиот е Серхи Роберто, кому Барселона не му понуди продолжување на договорот, а вчера и официјално беше потврдено дека повеќе нема да го носи дресот на каталонскиот тим.
Роберто не е единствениот на тој список бидејќи денеска „Мундо Дерпотиво“ објави дека во плановите на Флик не се ниту Ансу Фати и Витор Роке. Наводно, Флик разговарал со двајцата и им соопштил дека се слободни да бараат нова средина.
Барселона во наредниот период ќе се обиде да им пронајде клубови во кои ќе бидат испратени на позајмица или пак целосно продадени.