Eдна од најдобрите македонски групи сигурно е онаа на Пелистер – Чкембари.
Денес „Чкембари“ слават 35 години поврзаност со својот омилен клуб. За прославата на роденденот се најавени неколку манифестации.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Чкембарите слават 35 години постоење,
како најстара и најатрактивна навивачка група во Македонија ве покануваме заедно да го прославиме нашето постоење во Амфитеатарот кај Тумбе кафе, оваа славје ке се одбележи почитувајки ги мерките за заштита од Ковид 19 на влезот од тумбе кафе ке се делат бесплатни маски и ке имаме средства кои ке служат за дезинфекција како и информатори за држење дистанца.
Програмата опфаќа:
– Забавен дел со DJ
– Штанд со бесплатен пијалок за сите присутни!
– Штанд со многу нови Чкембарски артикли
– Спектакуларна баклијада приредена од навивачите!“, стои во соопштението.
