Дома Видео Се случува и на најдобрите: Големото промашување на Роналдо против Сампдорија ?

Се случува и на најдобрите: Големото промашување на Роналдо против Сампдорија ?

Фудбалерите на Јувентус синоќа на свој терен ја победија Сампдорија со 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Старата дама одлично го отвори натпреварот и постигна погодок во 13. минута кога дебитанот Кулушевски постигна прекрасен погодок за 1:0.

Предноста на Јувентус во првот дел можеше да биде поубедлива доколку Роналдо не промаши неколку добри шанси.

Прво во 24. минута ја погоди пречката, а десет минути подоцна имаше уште подобра прилика.

Овој пат Роналдо имаше шанса на околу 11 метри, но успеа да го промаши голот на Сампдорија што многумина ги изненади бидејќи Португалецот таквите шанси рутински ги завршува.

Сепак, Роналдо во финишот успеа да постигне погодок и да ја запечати победата на Старата дама.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Челси договара уште еден фудбалер за врска кој е многу подобар од Хендерсон!?

Со години наназад, деловните потези на Челси ги поттикнуваа аналитичарите да поставуваат п…