Некогаш важеше за еден од најталентираните играчи во Европа и светот, но Ројсон Дренте веќе со години игра фудбал во „анонимност“.
Ројсон Дренте како 20 годишник во 2007 година пристигна во Реал Мадрид од Фејенорд. „Кралевите“ тогаш за неговите услуги платија 14 милиони евра бидејќи важеше за суперталентиран играч за врска, сепак никогаш не ги исполни очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беше испраќан на позајмици во Хераклес и Евертон, но ништо не помогна. После пола година помината без клуб во 2012 година Дренте заврши во руска Аланија, за како слободен играч потоа да се пресели во англиски Ридинг.
Следеше позајмица во Шефилд, а во 2015 и комплетно го напушти Ридинг. Потоа играше за турскиот Ерциспор, па Банијас во Обединетите Арапски Емирати за во 2016 година да остане повторно без клуб, тогаш и направи прекин во својата кариера.
После една година се врати во фудбалот играјќи за холандски Херкес, а ова лето потпуша за Спарта Ротердам.
Дренте така денес игра во втората дивизија во Холандија, а вчера на 31 година го постигна неговиот прв гол во Холандија во кариерата.
⚽ | Daar is-ie dan! Het eerste doelpunt van Royston Drenthe in het shirt van Sparta Rotterdam. #spaein https://t.co/QIqOWNR1cR pic.twitter.com/JVFuA9jSqB
— FOX Sports (@FOXSportsnl) September 7, 2018