Кога во 2007 година тогаш 20-годишниот холандски фудбалер Ројсон Дренте потпиша за Реал Мадрид, многумина му предвидуваа голема кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, Дренте не се наигра многу на „Сантиаго Бернабеу“, па беше испраќан на позајмици. Меѓутоа, каде и да играше Холанѓанецот секогаш имаше исклучително висока плата.
Меѓутоа, Дренте лесно ги трошеше милионите, па денес прогласи банкрот пред холандскиот суд. 33-годишниот фудбалер имаше лоши бизнис вложувања, па денес остана без пари.
Тој отвори луксузни бутици, кои пропаднаа, а не му успеа ни музичката кариера, каде исто така вложи голема сума пари.