Дома Фудбал „Имам седум деца со четири различни жени, а сега сум слободен човек“

„Имам седум деца со четири различни жени, а сега сум слободен човек“

Ројстон Дренте со трансферот во шпанскиот четвртолигаш Расинг Мурсија повторно се врати на сцена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дренте во минатото беше член на Реал Мадрид, но денес е далеку од тие денови и ќе игра во четвртата лига. Сепак поради неговото минато тој е интересен за медиумите. По трансферот во Расинг Мурсија тој за „Марка“ зборуваше за неговиот живот.

„Имам седум деца со четири различни жени, а сега сум слободен човек“, изјави Дренте.

Спортските мотиви не му недостасуваат.

„Морам да работам и да одам чекор по чекор, сепак се уште не сум во најдобра физичка форма. Морам да ослабам три килограми, од понеделник сум на диета“, додаде Холанѓанецот.

Се потсети и на животот во Мадрид.

„Имам многу убави спомени. Мадрид е град кој ми изгледа како мој дом. Во Реал прво најмногу се дружев со Робињо, а потоа кога тој замина бев најблизок со Гути“, зборуваше Дренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Финале на СП: Аргентина против Шпанија, Јужна Америка или Европа?

Фудбалерите на Шпанија и Аргентина ќе се сретнат вечерва во 21 часот во Њујорк во финалето…