Дома Фудбал Англија Се појави слика од Кабаљеро од тунелот кога Кепа одби да излезе (ФОТО)

Се појави слика од Кабаљеро од тунелот кога Кепа одби да излезе (ФОТО)

caballero

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Специјалистот за пенали Вили Кабаљеро беше спремен да влезе и да ја заврши својата работа, но не доби прилика.

Повторно се враќаме на неделното финале од финалето на англискиот Лига Куп и случајот „Кепа“. Младиот шпански голман одби да го напушти теренот иако во завршницата од продолженијата Кабаљеро доби упатство од Сари да влезе во игра пред да се изведуваат пеналие.

Кепа барем ако му веруваме него и на Сари поради недоразбирање порача дека ќе остане на теренот и не излезе од теренот, а подоцна и се претвори во трагичар поради пеналот на Серхио Агуеро. При тој пенал Кепа ја имаше топката, но ја испушти топката и таа заврши зад неговиот грб.

После натпреварот започна многу да се пишува за однесувањето на Кепа и Сари кој беше видно бесен, а на крајот Шпанецот доби парична казна (200.000 фунти), а и не е исклучена можноста Сари да го седне на клупата во натпреварот против Тотенхем (тука).

Во неделата најлошо сигурно му беше на Кабаљеро, искусниот голман кој требаше да ги брани пеналите. Аргентинскиот голман се спушти во тунелот кога сфати што прави Кепа, а сликата која се појави сега зборува повеќе од 1000 зборови.

Покрај него за да го утеши беше докторот на Челзи, но на Вили сигурно не му беше пријатно во тие моменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…