Човекот вработен во погребалната компанија задолжена за погребот на Марадона кој се сликаше со телото на славниот Аргентинец се огласи во јавноста.
Прво се пишуваше дека навивачите и фановите брзо му „пресудиле“, се тврдеше дека неговото тело е пронајдено во контејнер, но тие информации се покажаа како погрешни. Затоа и при објавувањето на таа вест напоменавме дека треба да се земат со резерва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега тој се огласи во јавноста.
„Се што се случи се случи во секунда. Само ја подигнав главата, а мојот син направи глупост како и секој 18-годишник. Ве молам простете ми…“.
Истакна и дека добро го познава семејството на легендарниот Аргентинец.
„Тој е идол. Никогаш не би покажал непочитување. Работев претходно за таткото на Марадона. Уште еднаш ве молам, простете“.
Потврди дека закани добиваат секојдневно.
„Да, секој ден добиваме закани. Ни се закануваат луѓе кои ги знаеме, соседите…“, раскажа Клаудио Фернандез.
Claudio Fernandez,a funeral worker who took a selfie next to the open casket of Argentine soccer legend Diego Maradona as his body lay in state in Buenos Aires has been fired and begged for forgiveness. #CFMNovLove #CroozefmNews pic.twitter.com/M2zsBppfA5
— 91.2 Crooze Fm (@912CroozeFM) November 29, 2020