Дома Македонски спорт Мак ракомет Сери: Пасијата по ракометот во Битола е нешто ново за мене

Сери: Пасијата по ракометот во Битола е нешто ново за мене

Eурофарм Пелистер направи големи промени на позицијата лев бек, заминаа Обрадовиќ, Мандалиниќ и Табоада, а ново име до овој момент на оваа позиција е Французинот Руди Сери.

Сери денес беше претставен пред медиумите, а 28-годишниот ракометар ги кажа и првите импресии од градот и клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола.

За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите.

Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил“, изјави Сери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…