Дома Топ вести СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Лудото дерби на Манчестер (видео)

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Лудото дерби на Манчестер (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро е да се потсетиме на легендарните моменти од спортот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Премиер лигата е во прекин и им недостасува на љубителите на фудбалот, па сега е одлично време да се потсетиме на епски дуели од минатото.

Во сезоната 2009/10 беше одиграно едно од најлудите градски дербија на Манчестер. „Граѓаните“ тогаш беа во налет, правеа скап тим, а Фергусон ги нарече „бучни комшии“.

Дербито на „Олд Трафорд“ ја имаше една од најлудите завршните во поново време на Островот. Јунајтед имаше водство од 3:2 се до 90-та минута кога Белами го претрча Фердинанд и израмни на 3:3.

Судијата продолжи 5 минути и буквално во последните секунди од мечот, Мајкл Овен погоди за „експлозија“ на Олд Трафорд и победа на „црвените ѓаволи“.

Видете ја лудата завршница!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…