Дома Трансфер зона Сега и официјално: Пропадна трампата меѓу Интер и Рома

Сега и официјално: Пропадна трампата меѓу Интер и Рома

Големата размена на фудбалери помеѓу Интер и Рома и официјално пропадна, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како што е познато, „нероаѕурите“ требаше да го добијат левиот бек Леонардо Спинацола, а на „Олимпико“ да го испратат Матео Политано.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Политано успешно ги помина лекарските прегледи во Рома и дури позираше со шал на „волчицата“. Во меѓувреме Спинацола има потешкотии да ги мине лекарските прегледи во Интер бидејќи е во повреден во моментов.

Интер и Рома ги обновија преговорите и трампата требаше да се реализира под други услови. Имено, фудбалерите требаше да пристигнат на позајмица со задолжителен откуп од 25 милиони евра доколку запишат 15 настапи до крајот на сезоната.

Меѓутоа, Интер во меѓувреме го договори Ешли Јанг кој игра на позицијата на Спинацола, па трампата и официјално пропадна.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Политано го напиштил Рим со солзи во очите и ќе се врати во Милано, но тешко дека ќе остане во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…