Дефанзивецот Леонардо Спинацола и голманот Руи Патрисио денеска објавија дека заминуваат од редовите на Рома како слободни фудбалери.
Спинацола дресот на Рома го носеше пет години и си заминува од клубот откако двете страни не успеаа да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите во италијанските медиуми се дека Антонио Конте сака да го доведе во редовите на Наполи.
Рома ја напушти и Руи Патрисио кој три години го бранеше голот на „волчицата“. Засега нема најави каде би можел да ја продолжи кариерата и тоа сигурно ќе се решава по Европското првенство каде што Патрисио е дел од селекцијата на Португалија.