Дома Фудбал Италија Сега и официјално: Игуаин и Калдара за „нов Милан“, Бонучи се врати дома

Сега и официјално: Игуаин и Калдара за „нов Милан“, Бонучи се врати дома

Откако фудбалерите ги поминаа медицинските прегледи и ставија потпис на договорите, Милан и Јувентус ги официјализираа трансферите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ со слоганот „нов Милан“ потврдија дека Гонзало Игуаин и Матија Калдара се нови играчи на клубот од Милано. Аргентинецот доаѓа на позајмица со право на откуп, додека дефанзивецот во трампа за Бонучи и потпиша договор до 2023 година.

Игуаин ќе го носи дресот со број „девет“, додека Калдара ја избра 33-та.

Во текот на утрешниот ден најпрво ќе бидат преставени на пресконференција, а потоа двајцата ќе имаат презентација на плоштадот „Пјаца Дуомо“ пред навивачите на Милан.

Од друга страна Јувентус потврди дека Бонучи се враќа во клубот после една година помината во Милано и потпиша договор со „старата дама“ до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …