Дома Фудбал Германија Сега е ѕвезда на Баерн и Германија, а учел да игра фудбал од Македонец

Сега е ѕвезда на Баерн и Германија, а учел да игра фудбал од Македонец

Џамал Мусијала е еден од најдобрите млади фудбалери на светот и во моментов блеска на Европското првенство со два постигнати гола за Германија.

Интересно е што неговите први чекори во фудбалот ги направил под водство на Македонец.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Мусиала е роден во Штутгарт, а кога имал само две години неговото семејство се преселило во градот Фулда. Таму тој покажал интерес за фудбал, а родителите решиле да го запишат во школата на ТСВ Ленерц, каде тренер му бил Македонецот, Бранко Миленковски.

„Мусиала го предводеше тимот до седум години до титула на локален турнир, а на секој од натпреварите постигнуваше меѓу пет и 10 голови. Поради тоа решивме да му дадеме шанса да игра за поголемите момчиња. Џамал е неверојатен талент. Тој танцуваше околу останатите играчи на теренот“, изјави Миленковски за германскиот репрезентативец.

Мусијала се пресели во Англија каде стигна во младинските категории на Челзи, а подоцна го купи Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан конечно победи, Црвена Звезда „потона“ во Монако

Милан во третотот коло ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, Црвена Звезда доживе…