Џамал Мусиала и Баерн Минхен се уште не постигнале целосен договор за продолжување на соработката на германскиот репрезентативец, пренесува „Скај Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот договор на Мусиала истекува во 2026 година. Главните точки на несогласување остануваат платата, должината на договорот и вклучувањето на откупна клаузула за фудбалерот.
Баерн Минхен очекува 21-годишниот Мусиала наскоро да направи отстапки, бидејќи и самиот фудбалер преферира да остане во Минхен
Целта на двете страни е да постигнат договор до јануари 2025 година, а ситуацијата внимателно ја следат Реал Мадрид и Манчестер Сити.