Дани Себаљос игра одлична сезона, иако до пред само неколку месеци не беше во плановите на Карло Анчелоти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Себаљос не можеше да се избори за минутажа покрај Модриќ и Крос, а сега фановите бараат од раководството да му понуди нов договор и да го задржи во тимот.
„Не сакам продолжување на договорот ако не го заслужувам. Ми останаа уште три месеци и сакам да играм, а потоа ќе седнам со агентот и ќе донесам одлука. Јас сакам да останам, но сакам клубот да одлучи дали вредам за тоа“, изјави Себаљос.
„За мене е мотивирачки да играм со играчи како Модриќ, тој ми е инспирација. Тој мора да биде пример, јас играм добро два месеци, а Лука игра на највисоко ниво 10-12 години“, додаде Шпанецот.