Дома Фудбал Англија Саутегејт побара од Тен Хаг да го врати Мегваер во првиот тим на Јунајтед

Саутегејт побара од Тен Хаг да го врати Мегваер во првиот тим на Јунајтед

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт признава дека Хари Мегваер е во лоша форма, но според него тоа е поради слабата минутажа во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Затоа Саутегејт сега јавно испрати порака до Ерик Тен Хаг Мегваер да биде вратен во стартниот состав на „црвените ѓаволи“. На Англија и претстои Мундијалот во Катар каде што Саутгејт очекува Мегваер да биде еден од неговите најважни играчи.

Ваквите барања на Саутгејт не наидоа на одобрување ниту од фановите на Манчестер Јунајтед, ниту од оние на репрезентација. Ниту едните, ниту другите не сметаат дека после сите киксови Мегваер има квалитет да биде дел од стартниот тим.

„Кога е тој на ниво имаме поголеми шанси да победиме. Не ми е важен само на мене, туку на сите. Хари мора да има редовно за да биде во форма и да има поголема самодоверба“, гласеше изјавата на англискиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …