Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска испиша историја во ЦСКА Москва и стана најдобар стрелец во историјата на клубот со постигнати 500 голови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
До оваа бројка Ристовска дојде за само четири години колку што е во клубот од Москца. Својот 500. гол Ристовска го постигна во натпреварот против Кубањ.
Oд понеделник Ристовска ќе се приклучи на тренинзите на македонската репрезентација пред стартот на квалификациите за ЕП 2024 година.
Македонската ракометарка претходно во кариерата го носеше дресот на Крим, Вардар и Металург.