Дома Офсајд Сапуницата продолжува: Ванда изненади со последната фотографија 📸

Сапуницата продолжува: Ванда изненади со последната фотографија 📸

Една од главните теми овие два дена во спортските медиуми е ситуацијата помеѓу Ванда и Мауро Икарди.

Ванда го обвини својот сопруга Мауро дека ја изневерил, а француските медиуми објавија дека фудбалерот имал афера со аргентинската актерка Чина Суарез. Се започна во саботата кога Ванда на Инстаграм објави стори на кое пишуваше:

„Уште едно семејство кое го уништи поради ку*ва“, напиша Ванда и потоа ги избриша сите фотографии со Икарди.

Потоа Ванда со семејството отпатува во Милано, но по неа дојде и Икарди кој доби дозвола од ПСЖ да не тренира. Икарди објави заедничка фотографија и го честиташе денот на мајката и изгледаше дека парот се смирил.

Меѓутоа утрово Ванда објави фотографија која донесе продолжување на сапуницата. Таа објави фотографија и покажа дека не носи бурма на раката.

„Многу повеќе ми се допаѓа мојата рака без прстен“, пишува покрај фотографијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ванда објави фотографија од Макси Лопез и нивните деца 📸

Вчера во медиумите се пишуваше за наводно нов пресврт во врската помеѓу Икарди и Ванда. На…