Дома Топ вести Санчо е прескап, Манчестер Јунајтед тргнува по Дембеле

Санчо е прескап, Манчестер Јунајтед тргнува по Дембеле

Примарна цел на Манчестер Јунајтед ова лето ќе биде да се засили со квалитетен крилен напаѓач, а најнова мета е Осман Дембеле.

Со оглед на фактот дека Џејсон Санчо е прескап и тешко дека ќе ја напушти Борусија Дортмунд ова лето, Дембеле се претвори во примарна цел на „црвените ѓаволи“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересот од „Олд трафорд“ за Французинот не е ништо ново. Беше мета на Јунајтед и во 2017 година кога Барселона беше побрза и го доведе за 125 милиони евра од Борусија.

Дембеле не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде ова лето, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека двата клуба наскоро ќе започнат преговори, а Јунајтед се надева дека може да го реализира трансферот за 60 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…