Дома Фудбал Репрезентации Русија сепак може да игра на СП во Катар, но под друго име

Русија сепак може да игра на СП во Катар, но под друго име

Светската антидопинг агенција денес објави дека фудбалската репрезентација на Русија и да се пласира на СП во 2022 година нема да може да настапува под своето знаме поради казната која ја доби Русија (забрана на сите спортисти за настап на големи натпреварувања во следните четири години).

Извршниот одбор на „WADA“ својата одлука ја донесе откако членовите на оваа организација заклучиле дека во Москва дошло до манипулирање со подметнување на лажни докази и бришење на документи кои биле поврзани со наодите од допинг тестовите. Одлуката била едногласна и ја објави портпаролот на Светската антидопинг агенција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа и понатаму постои шанса руските фудбалери ако се квалификуваат да играат на СП, но тоа ќе мора да го направат под друго име.

„Ако Русија се квалификува нема да смее да игра под нејзиното име. Поставен е механизам според кој можат да поднесат барање за настап на неутрална основа“, изјави претседателот на „WADA“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…