Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Русија како да е проколоната – крај на Мундијалот за еден од најдобрите?!

Русија како да е проколоната – крај на Мундијалот за еден од најдобрите?!

0
dzagoev

Нема репрезентација која имала толку проблеми со повредите како Русите.

Мундијалот започна, а Русија после нешто повеќе од 20 минути игра се соочи со проблем иако организациски и резултатски добро започнаа.

Еден од најдобрите руски фудбалери, Алан Џагоев мораше да го напушти теренот во 22 минута од натпреварот против Саудиска Арабија. Офанзивниот играч за врска на ЦСКА се повреди без никаков дуел. Само се фати за бутниот мускул и падна…

Изгледа дека во прашање е задната ложа и според првите проценки Мундијалот за него е завршен, а не треба да се трошат зборови да се каже колку овој играч е важен за домаќинот на Мундијалот.


Следете го Sportski.mk и на


Ова е само уште една во низата повреди со кои се соочија Русите пред Мундијалот. Поради повреда селекторот не може да смета на Александар Кокорин, Виктор Васин и стоперот Георги Џикија, сега веројатно го загуби и Џагоев…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Прва ерупција во Мадрид: Бока поведе пред крајот на полувремето! (ВИДЕО)

Како што е добро познато вечерва се игра епскиот реванш во финалето од Копа Либертадорес, …