Дома Фудбал Англија Руни дојде во клубот за да го внесе во Премиер лигата, а со него од 6-то паднаа на 18-то место за еден месец

Руни дојде во клубот за да го внесе во Премиер лигата, а со него од 6-то паднаа на 18-то место за еден месец

Пред нешто повеќе од еден месец, Вејн Руни го замени Џон Еусте и стана тренер на Бирмингем. Иконата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал го презема клубот додека беше на шестото место на табелата во Чемпионшип.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Руни се очекуваше да се бори за место во Премиер лигата, но еден месец подоцна Бирмингем мора да се бори за опстанок во втората англиска лига.

Руни кариерата како играч ја помина во Евертон, Манчестер Јунајтед, Дерби Каунти и Ди-Си Јунајтед. Најдобрите денови секако ги имаше во Јунајтед каде што стана најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација. Како тренер ги водеше исто така Дерби и Ди-Си Јунајтед.

Бирмингем му е трет клуб откако стана тренер. Стартуваше со еден освоен бод во пет натпревари и сега неговиот тим е 18-ти со дури 20 бода заостанување зад лидерот Лестер, а седум зад шестата позиција која е последна што води во битка за Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Teнзии во Швајцарија: Соиграчи биле бесни на Џака? Ова може да е голема шанса за БиХ!

Пред средбата со Босна и Херцеговина, во таборот на Швајцарија се зголемуваат тензиите пор…