Ентони Џошуа во саботата го победи Енди Руиз и така ја врати титулата светски шампион во тешка категорија.
Руиз пред неколку месеци го победи Џошуа и стана светски шампион, но тоа кратко траеше. Џошуа во реваншот со едногласна одлука на судиите ја врати титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, пред натпреварот Руиз ги шокираше сите на официјалното мерење бидејќи имаше повеќе од 128 килограми. Никој не можеше да верува како толку се опуштил, изгледаше како воопшто да не тренирал.
После мечот го критикуваше неговиот татко кој порача дека Енди премногу уживал во славата и парите после победата, како и дека на тренинзите воопшто не мислел.
Руиз откако се врати во САД на аеродромот даде искрена изјава и ја призна својата грешка.
„Јадев се. Поради тоа толку добив на тежина. Уживав во храната и славев премногу .Бв со пријателите и секој ден ја славевме таа победа. Испив и премногу пиво“, искрен беше Руиз.