На „Вембли“ пред 96.000 гледачи Британецот Дануел Дубоа во петтата рунда го нокаутираше Ентони Џошуа и така ја одбрани титулата ИФБ светски шампион.
Од самиот почеток Дубоа беше доминантен во борбата, а на крајот во првата рунда Џошуа се најде во нокдаун, но сепак ја продолжи борбата. Кулминацијата беше во петтата рунда кога Дубоа со директ го погоди Џошуа во вилицата и така дојде до одбрана на титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во кариерата Џошуа двапати беше светски шампион, желба му беше и третпат, но не успеа. За него ова беше четврти пораз и јасно е дека повеќе не е стариот Џошуа, многумина сметаат и дека му е време да се повлече.
Од друга страна Дубоа со победата добива можност да се бори за неприкосновената титула во тешка категорија против победникот од борбата помеѓу Усик и Фјури на 21-ви декември.