Дома Фудбал Германија Ројс ги изненади навивачите: Не сака да биде капитен на Борусија

Ројс ги изненади навивачите: Не сака да биде капитен на Борусија

Maрко Ројс долго време е во Борусија Дортмунд, а сега досегашниот капитен на „милионерите“ донел неочекувана одлука која е изненадувачка.

Ројс одлучил да се откаже од капитенската лента и таа во наредната сезона ќе ја носи некој друг играч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За време на летниот одмор размислував на оваа тема и одлучив да се откажам од капитенската лента. Тренерот е информиран, исто и директорот на клубот, сигурен сум дека ќе најадат вистински наследник“, изјави Ројс.

Во кариерата, Ројс имаше неколку можности и понуди да ја напушти Борусија, но секогаш избираше да остане во Дортмунд, па навивачите го сметаат за еден од најверните играчи во историјата на клубот.

Низ германските медиуми се шпекулира за можна расправија на Ројс со директорите на Борусија Дортмунд која придонела за негова ваква одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …