Дома Фудбал Останато Роналдо пуштен од болницата на Ибица, пронајде начин да им избега на медиумите

Роналдо пуштен од болницата на Ибица, пронајде начин да им избега на медиумите

0

Прославениот бразилски голгетер денес е пуштен од болницата на популарното шпанско летувалиште „Ибица“.

Поради грипот кој го „закачи“ на место, Роналдо мораше да помине неколку дена на интезивна нега, а потоа беше префрлен во една од приватните клиники. Шпанските медиуми денес пишуваат дека бразилската легенда е пуштена од болница.

Според извештаите на вработените во болницата, Роналдо не излегол од главната врата на болницата поради големиот број медиуми.

Се наведува дека Роналдо си заминал од споредниот влез и сега се наоѓа во неговиот дом на овој остров.


Следете го Sportski.mk и на


Легендарниот фудбалер со Бразил во 2002 година го освои Светското првенство на кое тој постигна осум погодоци и ја освои Златна копачка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Матиќ: Да ми понудеше Звезда, ќе играв без пари

Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ во средата одржа предавање во Факултетот за спор…