Дома Фудбал Останато Роналдо на работниците во хотелот во Грција им оставил огромен бакшиш

Роналдо на работниците во хотелот во Грција им оставил огромен бакшиш

Португалската мега-ѕвезда Кристиано Роналдо во пнеделникот беше претставен како ново засилување на Јувентус, клуб со кој потпиша соработка на четири години.

Роналдо со одлуката да го избере Јувентус направи големо изненадување, можеби после изјавата во Лигата на шампионите се очекуваше да си замине, но изборот на „старата дама“ секако претставува изненадување.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Португалецот на кратко го прекина својот одмор со цел да пристигне во Торино на лекарски прегледи по што и официјално потпиша договор со „старата дама“.

Претходно Роналдо се наоѓаше на одмор во Грција. Заедно со своето семејство, Португалецот престојуваше во луксузниот хотел „Коста Наварино“, а работниците во овој хотел сигурно ќе го паметат престојот на новиот фудбалер на Јувентус кој им оставил голем бакшиш.

Според англиските медиуми, Роналдо пред да замине за Торино во хотелот оставил бакшиш од околу 20.000 евра. Неговото барање од менаџерите било само тој износ да се подели подеднакво на сите вработени во хотелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УФЦ откри кој ќе се бори пред Белата куќа на роденденот на Трамп (Фото)

Дејнa Вајт за време на УФЦ 326 објави кој ќе се бори на спектаклот пред Белата куќа, кој ќ…