Дома Фудбал Останато Роналдо емотивно се прости од неговиот поранешен тренер: Ме научи на работи кои не замислував дека ќе ми требаат

Роналдо емотивно се прости од неговиот поранешен тренер: Ме научи на работи кои не замислував дека ќе ми требаат

Поранешниот тренер на Лацио, Наполи и Интер, Луиџи Џиџи Симони почина вчера на 82 годишна возраст.

Симони беше во тешка состојба откако минатата година доживеа срцев удар и не успеа да се спаси.  Бројни фудбалери се простуваа од него, а тоа го направи и Бразилецот Роналдо.

„Џиџи Симони за мене не беше само тренер. Кога денес ќе се сетам на него го доживувам како мудар и добар човек кој играчите никогаш не ги тераше да прават работи кои не ги сакаат. Беше учител…Тој беше диригент, а ние бевме оркестар. Таков беше и на таков ќе се сеќавам. Можеби требаше повеќе да освиме, но заедно го освојувавме она што не учеше. Ти благодарам шефе, ме научи на работи кои не можев да замислам дека ќе ми требаат“, напиша Роналдо.

Симони, Роналдо го тренираше во Интер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо со новата фризура разбуди носталгија кај навивачите на Манчестер Јунајтед (ФОТО)

Кристиано Роналдо вчера на социјалните мрежи ја покажа неговата нова фризура. Португалецот…