Дома Фудбал Родри: Многумина ми пишуваа дека фудбалот победил

Родри: Многумина ми пишуваа дека фудбалот победил

ФУДБАЛЕРОТ на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри (28) ја освои Златната топка што ја доделува францускиот фудбалски весник Франс Фудбал.

„Ова е неверојатна ноќ за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене, кои ми ја дадоа својата доверба. Денеска е многу посебен ден не само за мене, туку и за моето семејство, мојата земја, мојата девојка. Фудбалот е колективен спорт, тука сум и благодарение на Сити, персоналот, играчите.

Тоа е многу посебно за мене, немаше да го постигнам без вас. Благодарност до репрезентацијата, селекторот Луис де ла Фуенте што ми веруваше толку долго. Тоа е победа и за шпанскиот фудбал. Денеска многу луѓе ми пишаа дека победи фудбалот“, изјави Шпанецот по доделувањето на наградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…