Дома Топ вести Родриго повеќе не молчи – кажа што му пречи во Реал!

Родриго повеќе не молчи – кажа што му пречи во Реал!

Бразилецот Родриго игра одлично кога е на теренот, но често пати е во сенка на своите соиграчи, а сега одлучи да зборува за својот статус.

Родриго постигна многу важни голови, посебно во минатата сезона, но сепак не е во најтесниот круг ѕвезди во екипата. Досега не зборуваше јавно, но сега се пожали истакнувајќи дека му пречи тоа што пополнува одредени „дупки“ во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу често ги пополнувам „дупките“ во нападот. Кога некој недостасува, Родриго нека игра тука. Некој фали десно? Родриго. Фали „деветка? Пак Родриго…понекогаш тоа ми пречи, иако сум тимски играч“, изјави бразилскиот фудбалер.

За неговите услуги има голем интерес, а се поврзуваше и со Манчестер Сити. Наводно, тој е голема желба на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Девојче кое собира топчиња се онесвести покрај теренот, реакцијата на тенисерката го обиколи светот (Видео)

Непријатен момент го прекина мечот на Австралија Опен и ја загрижи целата публика. Првиот …