Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Покрај селекторот на денешната прес-конференцијата присуствуваше и селекторот Игор Ангеловски, присуствуваше и заменик капитенот Стефан Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние сме професиналци, никако дека не смее да биде нарушена атмосферата. Ова е голем турнир на кој немаш време да тагуваш или да се радуваш. Сега не чека еден цврст противник и во овој дуел треба да влеземе со позитивните работи од претходниот. Не сме селекција која дојде тука како турист, Македонија има огромен квалитет, мислам дека тоа го покажавме и во првиот натпревар, очекувам и утре да играме на високо ниво“.
„Со Австрија направивме многу анализи на крајот излегоа со пет одбранбени играли и Алаба беше во таа анализа, навистина бевме изненадени. Денес во модерниот фудбал се можеш да очекува. Спремни сме на нивните две формации кои ги практикуваат, како што кажав ќе излеземе и ќе се обидеме да го покажеме нашиот квалитет“.
Ристовски имаше промена на позицијата и играше десно во одбраната, место неговата стандардната позиција како десен бек.
„Кога се работи за националниот дрес не гледам на која позиција играм, професионалец сум и сконцентрирам сум да играм на било која позиција на која треба да играм. Се потрудив да дадам и на таа позиција. Најважно е екипита да функционира како што треба“
Натпреварот со Украина се игра утре во 15:00 часот.