Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ангеловски: Најважната лекција од првиот натпревар е повторно да веруваме дека имаме квалитет

Ангеловски: Најважната лекција од првиот натпревар е повторно да веруваме дека имаме квалитет

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Денес селекторот Игор Ангеловски ја одржа прес-конференцијата пред вториот натпревар на Европското првенство, утре против Украина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украина како и Македонија беше поразена во првото коло, па ова ќе биде важен дуел и за двете селекции. Селекторот на овој натпревар гледа како на финале во кое и двете репрезентации ќе се обидат да дојдадат до победата.

„Најважната лекција е повторно да веруваме дека имаме квалитет тоа го покажавме во одредени делови од натпреварот. Не игравме бункер, не калкулиравме, ја игравме играта која ја красеше Македонија. Имавме одлични прилики, но не ги искористивме. За жал тие по еден центар шут на Алаба го постигнаа тој втор гол“.

„Ние дојдовме на ова Европско првенство со цел да се бориме за следната фаза и таа цел се уште стои и е пред нас затоа што играме со конкурент кој нема бодови. Ова е едно финале затоа што победникот ќе ги зголеми шансите за пласман во тоа осминафинале. Максимално сме мотивирани и влегуваме со целосен респект во натпреварот. Сакаме да го задржиме тоа што беше позитивно со Австрија, негативните работи да ги отстраниме. Украинците се одлични, имаат играчки како Малиновски, Зинчеко, Јармоленко...играчи кои настапуваат големи клубови. Сепак, и ние имаме играчи кои играат во големи клубови и многу пати сме покажале дека можеме да се носиме со секого“.

Натпреварот со Украина се игра утре во 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …