Дома Фудбал Останато Ривалдо: Ако Меси замине бесплатно тоа ќе биде голем удар за Барселона

Ривалдо: Ако Меси замине бесплатно тоа ќе биде голем удар за Барселона

Легендарниот бразилски фудбалер, кој исто така го носеше дресот на Барселона со многу успех, Ривалдо, го коментираше евентуалното заминување на Меси од Барселона.

Големо внимание во светската јавност беше предизвикано од барањето на Меси да ја напушти Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во таа прилика, зборуваше и Ривалдо, сметајќи дека заминувањето на Меси за време на пандемијата ќе биде огромен удар за неговиот поранешен клуб.

“Во време кога клубот се соочува со големи тешкотии поради пандемијата, губењето на најголемата sвезда бесплатно е огромен удар. Мислам дека ова е всушност најголемата пречка за итно заминување на Меси затоа што Барселона сака да заработи пари. Тажно е да се види крајот на приказната на Меси во Барселона ако останат работите такви какви што се. Но, тоа е фудбал и понекогаш работите не одат како што очекуваме“, рече Ривалдо, мислејќи на продажбата на Реал на Роналдо пред две години.

„Трансферот на Роналдо од 100 милиони евра во Јувентус изгледаше како лоша зделка за Реал во 2018. година. Но, гледајќи како се развива ситуацијата со Меси, можеби не испадна толку лошо за Реал, бидејќи тие ги добија парите во вистинско време“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зидан веќе се подготвува да го наследи Дешан како селектор на Франција

Легендата на Франција, Зинедин Зидан, веќе активно се подготвува да го наследи Дидие Дешан…