Дома Фудбал Реина потврди дека Милан сакал да го продаде Донарума

Реина потврди дека Милан сакал да го продаде Донарума

Пепе Реина во овој преоден рок го напушти Милан и се врати во Премиер лигата каде што ќе го носи дресот на Астон Вила, со неговата последната изјава откри зошто потпишал за Милан пред две години.

Шпанскиот голман тогаш од Наполи премина во Милан. Изгледаше дека во Милан доаѓа да биде втор голман, но не било така. Реина бил доведен затоа што Донарума требало да биде продаден.

„Дојдов во Милан затоа што Донарума требаше да биде продаден, сепак на крајот тоа не се случи. Јас направив се што можам за да му помогнам да расте и да напредува како голман. Во овој момент Милан има проблеми, но јас верувам дека клубот ќе се врати на старото ниво“, изјави Реина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер на векот на Баерн кој тешко дека некој ќе ја надмине!

Баерн го доведе Мусијала летото 2019 година од младинската школа на Chelsea за само 200.00…