Дома Фудбал Останато Редарката која Роналдо ја удри со топка и претходно имала средба со Португалецот

Редарката која Роналдо ја удри со топка и претходно имала средба со Португалецот

Maнчестер Јунајтед во првиот натпревар од сезоната во Лигата на шампионите во Швајцарија беше поразен од Јанг Бојс (1:2). Пред овој натпревар имаше мал инцидент кога Роналдо удри редарка со топка.

Тоа се случи на загревањето пред натпреварот кога Роналдо упати непрецизен и силен удар. Топката ја погоди редарката која веднаш падна на подот. До неа веднаш притрчаа останатите редари на помош, а дојде и Роналдо.

После натпреварот Роналдо во знак на извинување и го подари дресот со кој го одигра натпреварот. Сега таа откри дека ова не била прва нејзина средба со Роналдо.

„Кога играше за Реал Мадрид нашата средба заврши со пцовки. Не знаев за кого станува збор“, раскажа Мариса Нобил.

„Му кажав дека натпреварот е завршен и дека луѓето не заминуваат затоа што тој и понатаму трча на теренот. Продолжи, а јас бев уморна. Ми кажа да одам да разговарам со тренерот. Се вратив и му кажав: Ќе престанеш или не? Ова е Швајцарија, човеку! На крајот му порачав дека е безобразен“.

Призна дека не и се допаднал тогаш, но денес како што вели е негова најголема навивачка.

„Ме држеше за лице и ме прашуваше дали сум добро. Денес сум негова најголема навивачка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер🎥

Лацио и Интер одиграа возбудлив натпревар на „Олпимпико“, домаќините со пресврт дојдоа до …