Дома Трансфер зона Револуција во Дортмунд: По Халанд си заминуваат уште тројца фудбалери

Револуција во Дортмунд: По Халанд си заминуваат уште тројца фудбалери

Ерлинг Халанд на лето речиси сигурно ќе го напушти тимот на Борусија Дормтунд, а борбата за неговиот потпис веќе започна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, како што пренесуваат германските медиуми Халанд нема да биде единствената ѕвезда која ќе ја напушти Борусија Дортмунд ова лето.

Дортмунд има уште една лоша сезона која најверојатно ќе ја заврши без трофеј, па се очекува уште неколку играчи да го напуштат клубот.

Медиумите тврдат дека на излезна врата се Торган Азар, Јулијан Брандт и Нико Шулц, кои веќе почнале да си бараат нови клубови.

Интерес за Азар постои од неколку европски клубови, а другите двајца имаат понуди од други клубови од Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…