Дома Топ вести Реал спреми 90 милиони за Леао

Реал спреми 90 милиони за Леао


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Скаути на „кралевите“ долго време го следат Португалецот и веруваат дека тој ќе биде новата голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Анчелоти верува дека Леао може да игра и како крилен, но и како централен напаѓач на местото на Бензема, па поради тоа сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. Доколку Португалецот не стави потпис на нов договор ќе биде продаден на крајот на сезоната.

„Национал“ пренесува дека Реал е спремен да понуди 90 милиони евра за потписот на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Викенд најава: Најинтересното е во недела! 🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Во шоутоа „Overtime …