Фудбалерите на Реал Мадрид во среда гостуваат на „Вембли“ против Тотенхем во дербито од четвртото коло од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зинедин Зидан се соочува со големи кадровски промени, бидејќи Кејлор Навас, Кавахал и Герет Бејл се од поодамна на листата повредени, а сега им се придружија уште Иско и Рафаел Варан.
Првиот голман Навас и недоволно опораневиот Бејл сигурно ќе го пропуштат мечот со Тотенхем, додека Иско и Варан се под знак прашалник.
Карвахал се врати со индивидуални тренинзи после проблемите со срцето, но се уште не се знае кога точно ќе се врати на терените.
Покрај сето тоа, дуелот со Тотнхем за прво место во групата доаѓа во моменти кога Реал повторно киксна во Примера и сега заостанува цели 8 бода зад лидерот Барселона.