Дома Топ вести Реал победи, но посетата на „Бернабеу“ беше најлоша во последната деценија

Реал победи, но посетата на „Бернабеу“ беше најлоша во последната деценија

Реал Мадрид со победа ја отвори новата сезона во Примера, откако успеа на домаѓен терен да слави против Гетафе со 2:0.

Ерата по Кристиано Роналдо започна успешно, но навивачите очигледно не се задоволни од политиката на клубот и испратија јасна порака.

Имено, трибините на „Сантиаго Бернабеу“ синоќа беа полупразни. На мечот присуствуваа 48.466 гледачи, што е најмала посета во последната деценија.

Причината за малата посета е секако заминувањето на Роналдо, но и фактот што натпреварот беше закажан во вечерниот термин и дека во Шпанија е сезона на годишни одмори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …