Дома Топ вести Реал Мадрид ја победи Гранада, но повторно ќе се зброува за ВАР 🎥

Реал Мадрид ја победи Гранада, но повторно ќе се зброува за ВАР 🎥

Реал Мадрид вечерва на свој терен ја победи Гранада со 2:0 во натпревар од 15. коло од шпанската Ла Лига.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ успеаа да дојдат до нови три бода, но ни овој натпревар не помина без дискутабилни одлуки. Гранада имаше свои шанси се закани уште во првата минута преку Пуертас. Две минути подоцна Бензема влезе во добра прилика.

Дискутабилна ситуација видовме во судиското продолжение од првото полувреме. Касемиро собори еден играч на Гранада во шеснаесетникот, но судијата одмавна со рацете. Ниту од ВАР собата не реагираа.

До водство Реал дојде преку Касемиро во вториот дел кој погоди после нафрлувањето од Асенсио. Во 75. минута повторно одлука која предизвика контроверзии, но судијата гледаше ВАР и одлучи дека тоа не е пенал за Гранада.

Во последните моменти од натпреварот конечните 2:0 ги постави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски пресреќен по триумфот на Валенсија: Се боревме храбро за трите бодови!

Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за триумфот на Валенсија од 1-0 над Атлетик …