Дома Топ вести Реал Мадрид ја закажа и презентацијата на Азар!

Реал Мадрид ја закажа и презентацијата на Азар!

1

Белгискиот фудбалер Еден Азар го напушти Челзи и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Еден Азар после седум сезони одлучи дека е време да направи исчекор во својата кариера и го исполни својот сон од детството. Секогаш зборуваше дека негова желба е да заигра во дресот на Реал Мадрид и од пред неколку ден тој официјално е играч на „кралевите“.

Минатата недела Реал го потврди трансферот, а белгиската ѕвезда утре ќе биде преставен пред навивачите.

Реал Мадрид денес на својата официјална страна објави дека Азар утре ќе допатува во Мадрид и ќе биде официјално претставен.

Официјалното претставување пред навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ е закажано за утре во 19:00 часот, а пред тоа ќе биде одржана првата прес конференција на Азар во дресот на Реал.

Денес Реал на „Бернабеу“ го презентираше Лука Јовиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден играч на Реал ќе паузира неколку недели

Младиот играч за врска на Реал Мадрид, Брахим Дијаз ќе биде надвор од терените неколку нед…