
Флорентино Перез полека ја завршува една од најмоќните ери во историјата на Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Човекот кој го претвори „Кралскиот клуб“ во глобална спортска империја првпат по повеќе од две децении ќе се соочи со сериозни претседателски избори, а во Мадрид се повеќе се поставува прашањето – кој ќе го наследи човекот кој го промени лицето на модерниот фудбал?
И додека во јавноста се појавуваат различни имиња од бизнисот и политиката, многумина сметаат дека идеалниот кандидат всушност веќе со години е блиску до Реал Мадрид.
Рафаел Надал. Легендарниот шпански тенисер повеќе не е само обичен навивач на Реал. Надал е симбол на мадридскиот менталитет.
Човек кој за време на својата кариера го отелотворил сè што Реал Мадрид сака да претставува – победнички карактер, опсесија со успех, ментална сила и апсолутно одбивање на поразот како прифатлива опција.
Со години го гледаме во ВИП ложата на „Сантијаго Бернабеу“, но неговата поврзаност со клубот е многу подлабока од просто навивање.
Рафа е од 2011 година официјален „сосиос“ на Реал Мадрид, а Флорентино Перез тогаш јавно го опиша како пример за спортските вредности кои го претставуваат идентитетот на „Кралскиот клуб“ и токму тоа многумина го гледаат како клучна работа.
Претседателот на Реал Мадрид не е само администратор или бизнисмен. Тоа треба да биде човек кој разбира што значи да се носи грбот на најголемиот клуб во светот. Малкумина тоа го разбираат подобро од Надал.
Перез за време на својата ера го подигна Реал Мадрид на нивото на глобален бренд вреден милијарди евра.
Реконструираниот „Бернабеу“, ерата на „Галактикос“, доминацијата во Лигата на шампионите и комерцијалната моќ на клубот создадоа стандард кој ќе биде речиси невозможно да се надмине. Затоа многумина веруваат дека Реал по Перез не му треба неговата копија.
Потребен е сосема различен вид на лидер. Помалку империјален, а повеќе човек кој може да го обедини клубот и да го зачува неговиот идентитет. Надал токму тоа го нуди.