Дома Фудбал Страшна доминација: Половина Премиер лига наредната сезона ќе игра во Европа!

Страшна доминација: Половина Премиер лига наредната сезона ќе игра во Европа!

Фудбалерите на Кристал Палас синоќа го освоија својот прв европски трофеј во историјата на клубот, откако го победија Рајо Ваљекано во финалето на Конференциската лига во Лајпциг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Големи денови за клубот од јужниот дел на Лондон, на кој летово му беше оневозможено да игра во заслужената Лига на Европа, бидејќи беа понижени од аспект на правилата. Причината беше мултивласништвото, односно фактот дека Лион, кој е под истиот сопственик Џон Текстор, исто така успеа да се пласира во Лигата на Европа со подобра позиција во своето првенство.

Сепак, тоа не се покажа како лоша ситуација за Палас, кој сега се радува на европски трофеј, а доколку Арсенал го освои трофејот од Лигата на шампионите, ќе биде 3/3 за англиските екипи сезонава, со оглед на тоа што Астон Вила ја освои Лигата на Европа.

Сите овие успеси значат и зголемен број на англиски тимови во европските натпреварувања следната сезона. Благодарение на успехот и на меѓународните трофеи, Англија ќе има дури девет претставници во наредната кампања.

Речиси половина од Премиер лигата ќе учествува во натпреварувањата под капата на УЕФА, што е навистина импресивна бројка.

Во Лигата на шампионите ќе се натпреваруваат: Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул.

Во Лигата на Европа ќе ги претставуваат: Кристал Палас, Борнмут и Сандерленд, додека Конференциската лига ќе ја игра Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на БиХ го најави натпреварот со Македонија: Ќе играме против квалитетна репрезентација!

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, најави дека неговата репрезентација со…